Филмот има и номинација за престижната Grand Prix (Гранд при) награда на гореспоменатиот Меѓународниот фестивал на туристички филмови во Сплит.
Како што е веќе познато, филмот во мај годинавa беше прикажан и влезе во официјална конкуренција на 47-от Фестивал на туристички филмови во Лече, Италија каде доби Специјална награда за културолошко, историско и амбиентално претставување на Македонија. Овој Фестивал беше под специјално покровителство на италијаскиот претседател Џорџо Наполитано.
Заради тоа, по покана од Претседателот на Светската Федерација на Туристички филмови, продуцентот на филмот, Иво Јанкоски лично ќе отпатува во Сплит од 12-14 Октомври 2011 г., каде ќе му бидат врачени двете веќе освоени награди.
Доколку филмот освои Гранд при на фестивалот во Сплит, тогаш проектот “Amazing Macedonia – Волшебна Македонија” ќе се врати со дури три престижни меѓународни признанија, што претставува најголем успех за еден македонски филм во категоријата на туристички филмови до сега.