Учениците од ОМУ „Методи Патче“ освоија три први награди на Фестивалот на млади музички и балетски таленти кој се одржа деновиве во Скопје.

Првата награда со максимум освоени поени, во натпреварувачкиот дел на флејта и припаднала на ученичката Кристина Лјускоска од класата на професорката Невена Танеска. Во музичките натпреварувања на кларинет први награди освоиле и учениците Давид Нелоски и Крсте Басоски од класата на професор Петар Танески.

Инаку во музичкото училиште во тек се јавните часови на сите класи, кои ќе траат до 23-ти декември 2014 година. На 25-ти декември 2014 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи традиционалниот Новогодишен концерт на учениците од ова училиште.

OhridNews