Во период од еден месец на речиси идентично место пред влезот на селото Подмоље се случија три тешки сообраќајни несреќи, во кои едно лице го загуби животот, а повеќе се тешко побвредени. Последната беше ноќта помеѓу саботата и неделата кога директно се судрија „101“ и „ауди“. Три лица се повредени, од кои две потешко.

Несреќите се случија на потег од магистралниот пат Охрид – Кичево каде брзината е ограничена на 60 километри на час. Токму непочитувањето на сообраќајните знаци и невниманието се главна причина за најголемиот дел од незгодите. Контролите на сообраќајната полиција на овој дел од магистралата се чести, но очигледно недоволни за да се спречат несакани последици. Последните неколку несреќи можеби ќе ги поттикнат надлежните да размислуваат за нови сообраќајни решенијаа и поефикасна контрола, се со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Овој дел од магистралниот пат Охрид Кичево од самата изградба во седумдесетите години од минатиот век е црна точка каде се случиле голем број несреќи во кои животот го загубиле неколку десетици граѓани.

OhridNews