Три ликовни творби на петтооделениците од ОУ„Кочо Рацин“ од Охрид биле наградени на овогодинешната Меѓународна Детска ликовна изложба „13. Ноември“ која се одржуваше во Скопје.
Комисијата од ликовните педагози од Детскиот ликовен центар одлучила првото место да и го додели на ученичката Александра Стевоска. Диплома за освоено второ место добила Миа Спироска, а третонаградена била ученичката Кристина Војдиноска.
Од училиштето велат дека учениците со голема љубов творат и учествуваат на многу конкурси, а добиените награди ќе бидат поттик за нивно понатамошно учество на други Детски ликовни изложби.
OhridNews