Македонската ракометна селекција до 21 година низ квалификациите кои се одиграа во Скопје обезбеди пласман на Светското првенство кое годинава ќе се одржи во Алжир.


„Црвено жолтите“ имаа огромна задача пред одлучувачкиот натпревар со Турција, бидејќи неопходна им беше победа од 19 голови разлика за симнување на Португалија од првата позиција.

– Три збора им кажав на момците во соблекувалната. Верувајте во себе ! Им напоменав да мислат само на одбраната, бидејќи со добро одиграна одбрана лесно се постигнуваат голови. Им реков да не мислат воопшто на разликата и да не се гледаат во семафорот, затоа што ќе си направат дополнителен притисок. Во нападот многу ни помогна 7-6 формацијата, бидејќи напаѓавме со ракометар повеќе. Сакам да ги пофалам и да им честитам на моите ракометари. Одиграа до последниот атом, буквално изгинаа на теренот и сметам дека оваа генерација ќе се докаже на Светското првенство. – рече селекторот Илија Темелковски.

„Црвено жолта“ фурија за пласман на СП !

OhridNews