Финалето во најеминетното клупско натпреварување во Европа, Лигата на Шампиони најверојатно нема да се одигра во турскиот град Истанбул.

Како што пренесува германскиот весник „Билд“ ситуацијата со коронавирусот е далеку од идеална во Турција и догледно време тешко дека ќе стабилизира и нешто промени во позитивна насока.

Како три земји претенденти за организирање на финалето во ЛШ се споменуваат Германија, Португалија и Русија. Земјата која ќе биде домаќин ќе треба да обезбеди четири ултра квалитетни и безбедни стадиони во радиус од 100 километри.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА), планира завршен мини турнир на кој ќе се игра по еден од натпревар од 1/4 финалето до финалето.

OhridNews