Три златни и еден сребрен медал за џудистите од ЏК Дрим Струга на меѓународниот натпревар „Трофеј Пантера”
23.09.24 09:37
Уште еден фантастичен викенд за ЏК Дрим Струга. Џудистите од клубот се закитија со три златни и еден сребрен медал на меѓународниот натпревар „Трофеј Пантера” во Бијељина, Р. Српска, БиХ каде што настапија со осум натпреварувачи.
Златни медали освоија Анамарија Стојмиловска во категоријата У18, Дариан Ночески У13 и Мила Стојмиловска У13, додека сребрен медал освои Мила Стојанова У11. Петто место освоија Божидар Јуловски, Софиа Ноческа, Давид Спироски и Драгица Рафтоска.
Од ЏК Дрим Струга изразуваат благодарност до организаторот Џудо клуб Пантер Бијељина за успешната организација и гостопримството.
Во 90 динамични секунди, низ објективот на OhridNews, ви ја пренесуваме атмосферата од свеченото отворање на Tino’s Bowling – новата забавно-рекреативна приказна во Охрид, исполнета со музика, пози...
Реализацијата на буџетот за третиот квартал предизвика бурна расправа меѓу советниците на одржаната 18-та седница на Советот Дел од советниците ја потенцираа слабата реализација на проектите финанс...
Oпштина Охрид распишува конкурси за доделување повелби и општинската награда – Патрон на градот „Св Климент Охридски“ По повод 8 Декември, „Св Климент Охридски“, Комисијата за одбележување празници...