По повод Денот на здравјето, претставници на Клубот на жени на СДСМ-Охрид заедно со координаторката, Лидија Стојановиќ, придружени од координаторката на СДСМ, Цветанка Ласкова, посетија социјално загрозено семејство на кое му донираа пакет со хуманитарна помош.

Координаторката Цветанка Ласкова пред охридското членство одржа и Трибина и дебата .

– Трибината беше успешна ,посетеноста одлична.Салата изобилуваше со позитивна енергија,која особено дојде до израз по дебатата, низ која се провлече прекрасниот и полн со ентузијазам говор на координаторката Ласкова,со кој истата уште еднаш ги разбуди социјалдемократските чувства кај присутните и ги потсети истите на социјалдемократските вредности и идеи кои треба да ни бидат основа за сплотеност, единство и ПОБЕДА на следните избори. Координаторката повика на единство, истрајност и борба, меѓусебно почитување,поддршка и соработка.Им порача на жените сами да се борат за местото во општеството и сите негови сегменти, информираат  од општинската СДСМ.

OhridNews