По повод одбележувањето на денот на осамостојувањето на Република Македонија, во организација на НУ Центар за култура “Григор Прличев”, на 7- ми септември, петок, со почеток во 18 часот, во изложбениот салон на центарот, ќе се оддржи трибина Историски осврт од македонското прашање. На трибината ќе говори Мирко Томоски.

Еден час подоцна, на платото пред центарот, ќе се оддржи фолклорен концерт, на кој ќе настапат : АНПИ “Бисери”, КУД “Отекс фолк”, КУД “Филиграни” и Петар Нечовски.

OhridNews