Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, денес, во 17 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ организира трибина на тема „Менопауза и остеопороза“.
Предавачи на трибината се: Доктор на науки по Гинекологија и акушерство и професор на Високата Медицинска Школа – Битола, Д-р Иво Захариев и Ортопед Д-р Томислав Петровски.
Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, воедно, организира и Велигденска хуманитарна активност, каде членките ќе ги покажат своите готварски, уметнички и креативни вештини.












