„Заедно, од проблемите до решенијата“ ќе биде насловена трибината на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија која ќе се одржи утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 19 часот.


На трибината ќе може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани на Охрид кои сакаат да земат учество во граѓанска дебата. Според најавите, на трибината ќе учествуваат претставниците од највисокото партиско раководство на СДСМ, како и коалиционите партнери.

OhridNews