На 12 април има два пата во различни насоки, два различни правци. Едниот е нашиот, на СДСМ, што води напред кон НАТО и ЕУ, повеќе пари кај граѓаните и сигурна иднина, и вториот на Мицкоски кој води назад во изолација, обнова на криминал и корупција. Ова го истакна потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на трибината што под мотото „На прав пат“ се одржа синоќа во исполнетиот Центар за култура во Охрид.

-Тој пат го одевме 11 години, а сега за две и пол години моравме да направиме многу за да направиме сериозен исчекор напред и затоа враќање назад нема, рече Спасовски.

Потпретседателот на СДСМ истакна дека сега за разлика од претходно се реализираат националните и државни интереси, а тоа е членство во НАТО и интеграција во ЕУ. Додаде дека власта направила се за да спроведат реформите кои се признаени од цела Европа, од целиот демократски све и оттаму големо е разочарувањето од, како што рече,  историската грешка на ЕУ.

-Единствени кои се радуваат на грешката на ЕУ се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски изјави дека е среќен што не блокирале, но истиот ден доби силен шамар токму од претседателот Макрон дека сите земји членки биле за почеток на преговорите, истакна Спасовски.

Тој на средбата со охриѓани се осврна на трајното решавање на проблемот со стечајните работници.

-Ветивме дека ќе го решиме проблемот со стечајците и денес речиси 12.000 стечајци добивата месечен надомест. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше и профитираше на нивната несреќа, ние за само две и пол години го решивме овој проблем и денес веќе нема стечаен работник кој не е обештетен, рече Спасовски.

Зборувајќи за економските политики, Спасовски истакна дека за две и пол години владата на СДСМ отворила над 54.000 нови работни места. Тоа не значи само намалување на невработеноста, туку тоа се повеќе пари во пензискиот фонд, повеќе пари за социјална заштита, подобрување на животниот стандард за повеќе граѓани, реше Спасовски.

-Пред само две години минималната плата беше 9.000 денари, ние прво ја покачивме на 12.000 денари и ја израмнивме во сите сектори. Сега ја зголемуваме на 14.500 денари, а веќе наредната година ќе има ново зголемување, за да дојде до 16.000 денари, онолку колку што ветивме пред граѓаните. Тоа носи раст на платите а просечната плата сега е повисока за околу 2.000 денари за разлика од пред две години, истакна Спасовски.

Додаде дека партијата е посветена на градење независен судски систем. Со новиот Закон за ЈО отвораме простор за зајакнување на правната држава, да има вистинска реформа во судскиот систем и да обезеди правда за сите, од обичен човек до највисоките функционери, додаде Спасовски на трибина во Охрид.

Пред граѓаните на Охрид зборубаше и отпретседателката на СДСМ Мила Царовска. Осврнувајќи се на социјалната политика, таа ја потенцираше мерката 2социјална пензија, со која, како што посочи, се исправа еден вид на неправда кон оние граѓани кои од различни причини не успеале да остварат право на пензија.

-Со социјалната пензија, обезбедуваме достоинствена старост за нашите сограѓани кои работеле, вложувале труд но поради одредени причини не успеале да ги исполнат критериумите за пензионирање. Досега 2.631 лице се стекнало со социјална пензија и сите тие денес добиваат месечен надоместок од 6.000 денари. Тоа е вистинска грижа за граѓаните и ќе продолжиме да реализираме мерки кои исправаат неправди и трајно извлекуваат од сиромаштија, заклучи потпретседателката Царовска.

Таа истакна дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја дробела државата, и не водела грижа за најсирмашните, туку ги дисркиминирача а денеска не можат да бидат ниту конструктивна опозиција. ВМРО-ДПМНЕ нема идеја, нема програма, нема ниту план а од друга страна е против покачувањето на платите, рече Царовска.

-СДСМ ги покачува платите на работниците и го подобрува животниот стандард на граѓаните. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ неделава ги кочи законите кои обезбедуваат раст на минимална плата, поддршка за раст на платите во приватниот сектор. Тие доаѓаат во Собрание земаат плата и дневници а не гласаат за мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните. Тоа е се уште истата матрица со кои 11 години ја крадеа државата. Но залудно, платите ќе продолжат да растат, истакна Царовска.

OhridNews
фото:СДСМ