Целта на овој настан, како што објаснуваат организаторите е младите стружани да ја прикажат Струга од своја перспектива без надворешни притисоци и медиумско влијание.
-Поттикнати од начинот на кој се прикажани младите во Струга пред целата македонска јавност, на трибинита ќе се одговори на прашањата- Дали средношколците во Струга учат во етнички поделени смени и дали младите во Струга реализираат заеднички настани и се борат за решавање на заеднички проблеми. -информираат организаторите.
Говорници на трибината ќе бидат Џејми Хајредини , претставник на секторот за образование од Општина Струга; Васил Максимоски, директор на средното училиште “Нико Нестор“, Урим Крека, директорот на средното училиште “Ибрахим Темо“; како и Претставници на младинскиот клуб-Локална младинска иницијатива од Струга.