Законите да се почитуваат и применуваат, институциите да делуваат, да се намали урбанизацијата и притисокот врз Охридско Езеро со пловила и загадување, а масовниот туризам да се замени со одговорен туризам и да има има поголема едукација на граѓаните, особено на најмладите за уникатните вредности на Охрид поради кои тој е под двојна заштита на УНЕСКО како светско културно и природно наследство. Ова беше потенцирано на трибината „Охрид 45 години светско културно наследство под заштита на УНЕСКО (1980-2025)“ што се одржа на Светскиот ден на биолошката разновидост во организација на Здружението на граѓани „Eco Balance Tree“, со поддршка на Општина Охрид.
Како гледа стручната јавност на заштитата на Охрид, какви се сотојбите, кои се опасностите со кои се соочува заштитеното светското наследство, какви се светските искуства и практики, а каква е нашата реалност, погледнете во видеото од трибината што медиумски ја реализираше OhridNews. Учесници се познатиот охридски археолог Паско Кузман, директорката на Хидробиолошкиот институт – Охрид Орхидеја Тасеска, магистерот по туризам и новинар Нина Кепеска и нуркачот и еко активист Емил Јовановиќ.
Г.М.