Tрибина „Охрид – Град на светско природно и културно наследство или град на дивоградби” во организација на партијата Левица ќе се одржи денес со почеток од 17 часот, во хотел „Јуник” во Охрид.
За алтернативни решенија за заштита и развој на нашиот туристички бисер, како и заштитата на непроценливото културно и природно наследство на трибината ќе говорат проф. д-р Трајче Талевски – претседател на Советот на ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид и член на иницијативата „Охрид СОС”, проф. д-р Панче Велков – визитинг-професор по стандарди за заштита на културното наследство при Академијата на Институтот за ликовни уметности од Чикаго и м-р Андреа Јанков – магистер инженер архитект и претседател на организацијата „Го сакам Водно”, информираат од Левица.
OhridNews












