„Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава“ ќе биде насловена трибината која ќе ја организира Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца. Трибината ќе се одржи утре во просториите на организацијата, со почеток во 11 часот.
Оваа трибината се организира по повод 29-ти ноември и на неа ќе зборува професорoт по историја Наце Иваноски.
На 29-ти ноември пред 71 година во Јајце, Босна и Херцеговина се одржало второто заседание на АВНОЈ. На ова заседание бил донесен и усвоен Националниот комитет за ослободување на Југославија. Исто така бил направен план за изработување на уставот на идната Југославија како федеративна и демократска држава и признавање на националните права на сите нејзини народи. На ова заседание на АВНОЈ присуствувале 142 делегати.
Пред распадот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, 29 ноември се прославуваше како државен празник, во сите нејзини републики.
OhridNews