Во среда на 19-ти ноември 2014 година во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид ќе се организира трибина за начинот на превенција од болеста епилепсија.
Предавач на трибината која ќе ја организира „Здружението на граѓани за лица со епилепсија“ ќе биде професор д-р Филип Дума. Според најавите, на трибината ќе учествуваат учениците од од VIII и IX одделение.
Епилепсијата е често хронично невролошко пореметување кое се карактеризира со напади. Тие напади се краткотрајни знаци или сипмтоми на абнормална, претерана или хиперсинхрона невронска активност во мозокот. Околу 50 милиони луѓе ширум светот страдаат од епилепсија и скоро секој втор од три нови случаи се откриваат во развиените земји.
OhridNews