Трибината што ја организираат невладината организација Скопско Туристичко лето и Општинската организација на Демократската обнова на Македонија од Охрид, ќе се одржи во хотел „Милениум во Охрид со почеток во 11 часот.
Покрај дискусии за перспективите на овој регион од аспект на развој на екотуризмо, предвидена е и изложба на фотографии од регионот на Преспа, што ќе се одржи во 13 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.