Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод јубилејот 75 години од Второто заседание на АВНОЈ од 29 Ноември 1943 година, ќе организира историски час на тема “Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава”.

За овој значаен настан ќе зборува Наце Иваноски – професор по историја.

Трибината ќе се одржи на 29 Ноември (четврток) во Големата сала на општина Охрид, со почеток во 11:00 часот.

OhridNews