Македонскиот интернационалец Иван Тричкоски е елиминиран од понатамошните натпреварувања во купот на Кипар, откако неговиот Апоел ремизираше 0-0 со АЕЛ и неуспеа да ја надополни негативата од првиот меч кога на домашен терен претпреа пораз од 1-0.
Напаѓачот во игра влезе во 71 минута, но ниту неговата игра не донесе резултат кој би го одвел Апоел понатаму. За нив останува само трката во шампионатот, во која заостануваат четири бода зад лидерот АЕЛ.
В.Б.