Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски е во одлична форма, игра извонредно и веќе се подготвува за настап во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. Со кипарскиот клуб АПОЕЛ во тешка група, со фаворитите Зенит, Порто и Шахтар, на едно коло до крајот, Тричковски и соиграчите обезбедија осмина-финале.


Признанието за најдобар странец во кипарското првенство, веројатно до крајот на годинава ќе го надополни со признание за најдобар македонски интернационалец. Има 24 години и завидна кариера, што ја почна во Вардар. Играше две сезони за „црвено-црните“ и потоа прејде во редовите на соседот и лут ривал Работнички. Кај „романтичарите“ одигра блескаво и тоа му беше препорака за премин во Црвена звезда од Белград. Кризата кај српскиот гигант не му дозволи докрај да го покаже раскошниот талент. Пред 2 години потпиша за кипарскиот Енозис, а од лани е член на шампионот АПОЕЛ.


ОN: Имаш сезона за паметење на клупски план. Со АПОЕЛ си осминафиналист во ЛШ. Очекуваше ли Тричковски ваков успех?
– Презадоволен сум од резултатите на клупско ниво, но секогаш може и подобро. Со екипата на АПОЕЛ испишавме историја иако никој не очекуваше да оствариме ваков резултат. Кога ја извлекоа групата сакавме да се прикажаме во вистинско светло, се случи тоа што се случи одигравме максимално во натпреварите од Лигата на Шампиони и во петте натпревари сме без пораз. Среќен сум што сум дел од оваа екипа што ја испишува историја – рече Тричковски.

ОN: Има ли зборови со кои може да се опише чуството да се настапи во Лигата на Шампиони ?

– Чувството да се игра во лигата а Шампиони е не описливо,неможам да се изразам кога ќе започне химната на натпреварување. Најмногу тоа се осеќа кога играме на домашен бидејќи публиката е наш дванаести фудбалер. – истакна “Тричко“


ОN: Македонец си во Кипар каде што мнозинството е грчко население. Имаш ли проблеми поради политичкиот спор за името?
– Не сум осетил во една ситуација да ме омаловажува тоа што сум Македонец, не ме викаат македонец ме викаат “скопјанос“ но тоа е политички проблем . Минатата сезона ме одбраа за најдобар странски фудбалер во земјата што воопшто не е мало признание и политиката не се меша во спортот. – потенцираше македонскиот напаѓач

ОN: Ќе направиш ли паралела на фудбалските состојби во Македонија, Србија, Кипар. Играше  во првенствата на овие земји?
– Фудбалот пред неколку години во Кипар беше на ниско ниво, луѓето уште не се свесни колку фудбалот е во подем на Кипар. Секоја година имаат преставник во Лигата на Шампиони или Лигата на Европа, се тоа докажува дека се вложува во фудбалот, а кипарското првенство е базирано на странски фудбалери.  Ние сме далеку со тоа што неможеме да квалификуваме во завршната фаза на европските натпреварување. Жалосно што работите стојат така, во Кипар се работи професионално и нема потреба да мислиш на други работи освен фудбал.  Во Вардар ги поминав сите категории но од разни разно причини, си заминав во Работнички каде одиграв сезона од соништата. После брилијатната сезона во дресот на “романтичарите“ направив трансфер во Црвена Звезда каде бев многу среќен но не испадна како што планиравме. После Црвена Звезда, отидов на позајмица во Паралими. Тој потег е еден од најдобрите за мене, тука ме забележаа скаутите на АПОЕЛ ме исконтактираа и пресреќен сум што се се заврши така.


ОN: Каде би посакал следен трансфер ?
– Не се оптоварувам со тие прашања, никогаш не размислувам , останувам со “празна“ глава тоа е подобро. Важно за мене е да играм да има добри резултати а трансферите сами по себе си доааѓат.


ОN: На прагот сме од нов циклус со Македонија.Не ни оди добро и се повеќе тонеме. Има ли излез од лошата ситуација?
– Морам да потенцирам дека успехот со клубот ми е драг премногу, но пехот со репрезентацијата сеуште ми лежи на срце. Не се покажвме како што треба, резултатите не се како ги очекувавме. Репрезентацијата е свето за сите нас и затоа ми е многу мака. Пред нас е нов циклус имаме долг период да се спремиме, и конечно да ги израдуваме нашите фанови.

М.П.