Тричко “кине“ мрежи во Кипар
19.12.11 21:11
Македонскиот интернационалец Иван Тричкоски ги постигна сите три гола во победата на актуелниот првак АПОЕЛ над АЕК Ларнака со 3-0.
Македонската “11“ серијата ја отвори во 31 минута, потоа погоди во 80 и 90 минута од мечот. За популарниот “Тричo“ ова беше четврти погодок сезонава.
Убавиот ден за македонските интернационалци го заокржи и Христијан Кировски кој се запиша во листата на стрелци во победата на Аполон над Ермис со 2-0.
Тричкоски и Апоел по одиграните 14 кола со 32 бода се наоѓаат на врвот на табелата.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com










