Рускиот Рубин Казањ е заинтересиран во своите редови да го доведе македонскиот интернационалец Иван Тричковски, пишува рускиот весник “Спорт- Експрес“. 

Според весникот менаџерите на Тричковски имале средба со претседателот на клубот на која бил потврден интересот фудбалерот да ги смени клупските бои.
Тричковски со тимот на Апоел одигра шест меча во Лигата на шампиони и постигна еден гол. Во дресот на македонската фудбалска репрезентација во 16 одиграни натпревари три пати ја тресел противничката мрежа.

Според германскиот веб портал transfermarkt.de македонскиот репрезентативец на пазарот вреди 1.200.000 илјади евра.
М.П.