Шпанскиот репрезентативец Хуан Мата ќе биде во центарот на вниманието за време на дерби-мечот од Е групата меѓу Валенсија и Челси. Мата пред само месец дена се одлучи за промена клупските бои, а судбината сакаше да се врати на Местаља во синиот дрес на Челси. Баер Леверкузен е фаворит во вториот дуел во оваа група против белгискиот Генк.
Милан и Барселона се апсолутни фаворити на мечевите од втората рунда во Х групата. Милан на домашен терен го пречекува Плзен, додека Барселона патува кај Бате Борисов во Украина.
По ремито на Вестфален стадионот против Борусија Дортмунд, Арсенал првата победа во шампионската лига ќе ја брка против грчкиот Олимпијакос. Во последните 11 настапи “топчиите“ ја минувале групната фаза во најемиентното европско натпреварување. Во останатиот натпревар Марсеј го пречекува Дортмунд.
Двојки :
(18.00) Зенит – Порто, (20.45) Шахтјор – Апоел
(20.45) Валeнсија – Челси, Леверкузен – Генк
(20.45) Милан – Плзен, Бате – Барселона
(20.45) Марсеј – Дортмунд, Арсенал – Олимпијакос