Со навивачката песна “Излези момче“ децата од охридската градинка Лихнида го пречекаа македонскиот интернационалец Иван Тричковски. Напаѓачот кој е на подготовките со македонската фудбалска репрезентација одвои време да ги посети најмладите “фанови“ да им подари неколку топки и одговори на нивните“ провокативни“ прашања.

– Тешко е да се игра фудбал, но исто така е тешко да се биде меѓу најмладите и да се одговара на нивните прашања. И јас некогаш сум бил дете и сум ги посакувал ваквите моменти и сум премногу среќен поради тоа. Моја желба и совет до овие деца е да спортуваат со било кој спорт и да тренираат, само со спортот и здрав дух може да се успее – рече Тричкоски.


Тричкоски се дружеше со најмладите
Мх.П.