Македонскиот интернационалец Иван Тричковски ја продолжи гол серијата во кипарскиот шампионат. Популарниот Тричко беше стрелец на петтиот гол во победата од 5-1 на Апоел над Аеп Пафос.


За напаѓачот за кого ова беше осми гол сезонава, интерес пројавија неколку екипи, но тој беше категоричен дека останува во Апоел. – Презадоволен сум во клубот и немам никаква намера да менувам нешто. Очекувам да ја освоиме титулата и да избориме пласман во Лигата на Шампиони – рече Тричковски.


 
По 17 одиграни рунди Апоел има 41 бод, четири повеќе од второпласираната Омониа Никозија.

М.П.