Селекторот па и останатите фудбалери најавуваат добра игра, офанзивна тактика и конечно во квалификациите да заиграме како што треба. В сабота во Даблин, Македонија му гостува на република Ирска, “црвено-жолтите“ треба да дадат многу повеќе од максимунот за на крајот да се радуваат.


–    Како и на секој натпревар така и овој со Ирка одиме да оствариме позитивен резултат,  не очекува пеколна атмосфера на физички и на психички план. Посебно на физички план треба да “изгиниме“ на теренот за да постигниме први гол а на психички поради неповторливата атмосферата пред полниот стадион во Даблин а сите знаеме какви навивачи се ирците – за “Ohridnews“ изјави офанзивецот Тричкоски.


Ирците предводени од италијанецот Џовани Трапатони не остапуваат од познатата и препознатлива игра –  “Детелините“ играат човек на човек, дуел играта му е јака страна како и долгите топки. Ние спремаме контра игра со катки подавања и пасови да ја чуваме топката во наши нозе и да ја оствариме нашата цел – истакна популарниот “Тричко“.

Мх.П.