Повеќекратниот фудбалски првак на Белгија, Клуб Бриж, соопшти дека Шпанецот Хуан Карлос Гаридо е нов тренер на тимот.


Лошите резултати, поради кои Бриж се наоѓа на осмото место на табелата, со девет бодови помалку од лидерот Андерлехт, беа причина раководството да му врачи отказ на Жорж Лекенс.

Шпанецот Гаридо со Бриж потпиша договор до крајот на сезоната, со можност истиот да биде продолжен. Гаридо од 2002-та до минатата година беше во Виљареал, најпрвин го предводеше ‘Б’ тимот, а во сезоната 2010/2011 беше тренер на првиот тим. Дресот на Бриж од оваа сезона го носи македонскиот репрезентативец Иван Тричковски.

“Макфакс“