Иван Тричковски до гол во финишот на првиот дел ја врати репрезентацијата на Македонија во игра во квалификацискиот натпревар против Ирска што вечерва се игра во Даблин.
 
Ирците по првото полувреме со головите на Мекгејди и Кин води со 2:1.

МТВ, која го реализира директниот пренос во натпреварот се вклучи во 33-та минута, така што љубителите на фудбалот малку видоа од играта во првото полувреме.

OhridNews