Екипата на македонскиот репрезентативец Иван Тричковски со убедливи 9-1 ја совлада Акритас Чоракас и се пласираше во наредната фаза од купот.


Тричковски ниту еднаш не се запиша во листата на стрелци, но тоа му појде од “рака“ на Адорно кој постигна хет трик, по два пати прецизни беа Мандика и Мораис, а еднаш мрежата ја погодија Марсињо и Боавентура. Почесниот погодок за гостите го постигна Гомез.

Мх.П.