Самиот
побарав да шутирам четврти или петти пенал, имав претчуство дека некој
пред мене ќе промаши, тоа и се случи Киотис го одбрани пеналот на
Лаказате, а мојот пенал испадна решавачки. Кога отидов да го изведувам
пеналот, бев смирен, топката ја упатив каде што сакав.
  – потенцираше за Мкд.мк новиот херој на Македонија, Иван Тричковски.

Кипарскиот преставник во Лигата на Шампиони, АПОЕЛ по елиминацијата на
Лион стана вистинската сензација од првото квалификациско коло стигна до
најдобрите осум на стариот континент.

Секој клуб си има свои амбиции, на
почетокот да ни понудше некој пласман во групната фаза со две раце ќе
прифатевме. Пласманот во 1/4 финалето не е случајно, во групата ги
минавме Порто, Шахјтор и Зенит, три екипи кои редовно настапуваат во
најеминетното натпреварување. Мечот со Лион требаше да го  решиме
побрзо, французите во натпреварот влегоа уплашено, но добро е и вака
– истакна популарниот Тричко.

Македонската “седмица“ не заборави на својот репрезентативен соиграч Горан Пандев на кој му порача – Му
посакувам многу среќа на Пандев и неговата екипа. Ако поминат понатаму
добро да се сретнеме со нив во 1/4 финалето, така Македонија ќе добие
еден преставник во 1/2 финалето
– заврши Тричковски.

По комплетирањето на 1/8 финалните дуели, ждрепката за 1/4 финале е за една недела во Нион, Франција.

Мх.П.