Од 29 до 31 март НУ Библиотека „Григор Прличев“ организира сопствен саем на книги.
Читателите ќе можат да одберат книги од проектите на Министерството за култура и Владата: 130 тома македонска книжевност, врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа, ѕвезди на светската книжевност а направен е и избор од книги за продажба од сопствената продукција на Библиотеката, информираат од установата.
Саемот за посета сите три дена ќе биде отворен во времето од 10 .00 до 18.00 часот.
Дојдете и збогатете ги вашите Библиотеки со дела со трајни вредности, а со купувањето на овие изданија ќе го поддржите и развојот на Библиотеката, додаваат од НУ Библиотека „Григор Прличев“,
OhridNews












