Провокација била причина за нападот на тројцата српски туристи и еден граѓанин на Скопје, што се сличи вчера рано утрото околу 4 часот во комплексот Горица, соопшти денеска полицијата. Нападот го извршиле четворица жители на струшкото село Франгово и еден државјанин на САД. Тие се приведени, а по извршениот информативен разговор од страна на истражен судија одредена им е мерка притвор во траење до 30 дена.

Според СВР Охрид, од каде дури  денеска излезгоа со официјално соопштение за настанот, причина за инцидентот била провокација на српските туристи во дискотеката во која претходно биле двете групи. Пријавените, кривичното дело „Насилство„ го сториле кога со две патнички моторни возила со швајцарски национални ознаки, го блокирале движењето на такси патничко моторно возило со охридски таблици во кое се превезувале српските државјани. Во истиот момент, од двете возила излегле пријавените лица  по што  ги отвориле вратите на такси возилото и насилно ги извадиле тројцата патници, а потоа и физички ги нападнале удирајки ги со раце и нозе. Истовремено кон такси возилото фрлале со камења и пивски шишиња предизвикувајки оштетувања но и страв и несигурност кај возачот на такси возилото и кај уште еден сопатник кој бил со нападнатите српски државјани. Натамошното насилство е спречено од лицето жител на селото Шум кој бил во друштво со пријавените.

OhridNews