
Нивниот одмор го овозможи невладината организација МИР во рамки на ацијата „Твојот лајк е донација“ на Фејсбук страницата „На
ваша страна“, преку кои беше собрана донација од 50.000 денари, која ја удвои Стопанска банка.
Децата кои се на возраст од 8 до 12 години, ќе поминат четири рекреативно-едукативни денови во детското одморалиште „Радости“, под надзор на стручен тим. Тие ќе учествуваат и во работилници за мултикултура и дружење со деца од други етнички заедници, а ќе посетат и повеќе културни знаменитости во градот на УНЕСКО.












