Охридската полиција приведе 23 лица кои учествувале во жестоката пресметка помеѓу навивавачките групи на МЗТ Скопје и Куманово, што денеска околу 13.40 часот, се случи во центарот на Охрид, каде викендов се играат натпреварите од Купот на Македонија во кошарка.
–По целосно расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Во навивачката пресметка, во која свен тупаници, се користеле и камења, шишиња, пиротехника и палки, оштетени се и три возила.
На денешниот инцидент му претходел уште еден кој се случил синоќа околу 21 часот на булеварот Туристичка, каде исто така дошло до физичка пресметка помеѓу навивачи. Десетмина учесници во синоќешната тепачка се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од полицијата.
СВР Охрид во пресрет на полуфиналните натпревари од кошаркарскиот куп, кои се играат вечерва во салата Билјанини извори ги засили мерките на безбедност.
OhridNews