Покрај повредата на раката десното крило во охридскиот состав Аце Трифуноски со пет погодоци брилираше во убедливата победа (25-14) над Вардар Полог.

Охриѓани натпреварот го одиграа без повредениот Николоски, Бабачев и Митрески, а благодарение на тимската игра тоа не се осети и забележаа триумф со 11 погодоци разлика.

– Премногу го респектиравме противникот на почетокот од мечот бидејќи претходно ја совладаа Струга. Кога осетивме дека сме поквалитетни од нив, додадовме гас направивме разлика која беше недостижна за гостинскиот состав. Победата со толку голема разлика е  реванш за поразот во есенскиот дел од сезоната, кога со помош на судиите ни ја одзедоа победата од раце. Со одлична престава им се заблогадаривме на сите љубители на ракометот во Охрид кои дојдоа да не бодрат против екипата на Вардар –
рече Трифуноски.

Мх.П.