Две деца на возраст од три и четири години починале од грип, објави Институт за јавно здравје. Едно од децата на возраст од три години било од Кичево, а другото на возраст од четири години од Гостивар. И двете биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести – Скопје на Одделот за интензивна нега.
Во текот на првата недела од 2017 година, во Македонија пријавени се 8.067 новозаболени лица на групни пријави за заболени од грип, што претставува намалување од 14,9 отсто во споредба со минатата недела кога беа пријавени 9.485 случаи.