Англија и Франција ќе го отворат последниот ден од првиот круг на мечевите од првата рунда на Европскиот шампионат во Полска и Украина.
Заминувањето на Капело од селекторската позиција и серијата повреди ги ставија “трите лава“ во вториот круг на фаворити. Првиот тест на можностите на “Гордиот Албион“ под водство на Хоџсон ќе го имаат против Франција.
– Пред нас е тежок натпревар, Французите 21 меч немаат пораз. Ние го
почитуваме противникот, но сепак моите играчи имаат огромна самодоверба и
веруваат во своите можности -вели Хоџсон, кој поради суспензија нема да може да смета на најдобриот англиски фудбалеро во моментов Вејн Руни.
По обединувањето на титулите во 1998 и 2000 Франција нема поголем успех на големите натпреварувања, На последните две престави “триколорите“ немаат забележано победа.
– Франција нема исти амбиции како Шпанија и Германија. Некои не се согласуваат со ова мое мислење, но резултатите на Франција на последното европско и светско првенство не ни дозволуваат да се ставиме во позиција на фаворити“, смета Блан.
Мечот Англија-Франција ќе стартува во 18 часот.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com