Реал Мадрид забележа минимална победа над Леванте 3-2, со голот на Кристијано Роналдо во последната минута од судиското продолжение.

Претходно избраниците на стратегот Карло Анчелоти во два наврати имаа негатива, но успеваа резултатски да се вратат со погодоците на Рамос и Мората. Стрелци за домаќините беа Баба и Ел Зар.


Резултати : Елче – Еспањол 2-1, Леванте – Реал Мадрид 2-3, Рајо Ваљекано – Реал Сосиедад 1-0, Барселона – Ваљадолид.

Мх.П.