Трилер завршницата во австрискиот шампионат го исфрли Матерсбург на Наумоски и Седлоски во понизок ранг. По одлуката за првак во лигата минатата недела, единствено неизвесно прашање беше кој тим ќе се пресели во понизок ранг. Матерсбург, Вакер, Винер Нојштад и Адмира беа во мртва трка.


Матерсбург беше во најповолна позиција и на домашен терен го пречека “фенерџијата“ Адмира. Реми беше доволно за “зелените“ 11. година по ред да играат во најсилната фудбалска лига во Австрија.

Шокот следуваше во 72 минута кога гостите дојдоа до предност со голот на Сеговиа. До крајот на мечот избраниците на Франц Ледерер не успеа да стигнат до изедначувачки погодок кој ќе им обезбедеше место во елитата.


Наумоски со капитенската лента мина 61 минута на теренот и заработи жолт картон.

Резултати : Матерсбург – Адмира 0-1, Рапид – Риед 3-0. Салцбург – Австрија 3-0, Вак – Вакер 2-3, Штурм – Винер Нојштад 0-3.

Табела: Австрија 82, Салцбург 77, Рапид 57, Штурм 48,  Вак 47, Риед 46, Винер Нојшдат 36, Вакер 36,  Адмира 35, Матерсбург 35.