Изминатата ноќ, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 13 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-05, Струга-04, Кичево-04).

Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и издадени им се соодветни платни налози. – информира МВР.

OhridNews