Трипати поголема бројка на дрвја ќе биде засадена од бројката на исечени на улицата „Македонски Просветители“. Целата улица е опфатена со проектот и не станува збор за нова сеча на дрвја. Како локална самоуправа го наследивме проектот, а истиот е одобрен и од Светска банка, вели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков во емисијата „Напладне“ на OhridNews.
Во изминатите две години бевме сведоци на искршени стебла, паднати над автомобили и граѓаните да не ги плаќаат штетите, пак штетите одат кај нас, вели.
Врз основа на претходно направен извештај, додава, е проценета состојбата на дрвјата, а со Одлука на Совет за секое исечено дрво се сади по три нови и дополнително покрај тоа што се знае какви дрвја ќе бидат посадени се знаат и локациите и за останатите дрвја.
На потегот каде се одвиваат градежните активности како што претходно информираа од Општина Охрид важи времен сообраќаен режим.
Улицата „Македонски Просветители“ се затвора за сообраќај на потег од крстосницата со Бул. „Туристичка“ до крстосница со ул. „Димитар Влахов“, а сообраќајот се пренасочува по околната улична мрежа, при што истиот ќе се одвива согласно време поставената сообраќајна сигнализација.

OhridNews












