Англија во натпревар со многу пресврти ја совлада Шведска со 3-2 и ги испрати “викинзите“ дома уште пред завршното коло по групи.


Први во предност дојдоа “трите лава“ и тоа по погодокот на Керол со глава. На стартот на вториот дел, по карамболот пред Харт, Џонсон ја затресе сопствената мрежа за изедначување.

Неколку минути подоцна, фудбалерот кој го игра своето четврто европско првенство, Мелберг погоди за пресврт и водство од 2-1 на Шведска.

Влегувањето во игра на Волкот, значеше пресврт во играта на избраниците на Хоџсон. Токму тој погоди за изедначување, а истиот фудбалер асистираше за погодокот за водство. Голот на Велбек за 3-2, сигурно ќе конкурира за еден од најубавите на овој континетален самит.

Англија има 4 бода и во последното коло игра со кодомаќинот на шампионатот Украина. Шведска која нема шанси за пласман во нокаут фазата игра со Франција.

OhridNews