Избраниците на Јирген Клоп со 3-1 го совладаа Шалке 04 во дерби пресметката од 10-та рунда во Бундес лигата. Погодоците за „милионерите“ ги постигнаа три разлини фудбалери и тоа Аубамејанг, Сахин и Блажиковски додека почесниот гол за „сините“ беше дело на Мејер.


Резултати : Леверкузен – Аугзбург 2-1, Баерн Минхен – Херта 3-2, Хановер – Хофенхајм 1-4, Мајнц – Брауншвајг 2-0, Шалке – Б. Дортмунд 1-3.

Табела : Баерн Минхен 26, Дортмунд 25, Леверкузен 25, Херта 15…

Мх.П.