Драматичната победа (81-78) во дерби пресметката со Гоце Делчев ги лансираше охриѓани на врвот од второлигашката табела. Со четири победи во шест натпревари избраниците на Весна Балазоска се
единствена екипа со десет бодови и заслужено се наоѓаат на лидерската
позиција.

Домашниот терен одново се покажа како таличен за кошаркарите на Лихнидос. Сите четири победи во сезоната “белите“ ги извојуваа пред своите гледачи.

Во останатите натпревари од Втората кошаркарска лига Ангели славеа над Водњански Лисици 80-72 додека Карпош Соколи претрпе пораз на домашен терен од Апаве 79-70. Најубедлив триумф во шестата рунда забележа Бест победувајќи го фенерџијата Неготино со 104-80. Тетекс беше слободен.

Резултати :

Лихнодос – Гоце Делчев 81-78
К. Соколи – Апаве 70-79
Ангели – В. Лисици 80-72
Бест – Неготино 104-80

Тетекс        слободен

Табела :

ВТОРА ЛИГА МАЖИ – СЕЗОНА 2012/13

ТАБЕЛА

#

Екипа

он

пн

зн

кз

кп

кр

бод

1

Лихнидос 

6

4

2

484

462

+22

10

2

Апаве

5

4

1

351

326

+25

9

3

Гоце Делчев

6

3

3

520

506

+14

9

4

Ангели

5

4

1

394

380

+14

9

5

Бест

6

3

3

454

451

+3

9

6

Карпош Соколи 2000

5

3

2

426

386

+40

8

7

Тетекс ТТК 

5

2

3

413

444

-31

7

8

Водњански Лисици

5

1

4

348

373

-25

6

9

Неготино

5

0

5

361

423

-62

5

Мх.П.