Во малата сала на општина Охрид, утре, со почеток во 11 часот, ќе се одржи тркалезна маса за проектот „Земјоделие со високи природни вредности“.
 
Проектот се фокусира врз позитивните придобивки од одредени видови на земјоделство во Македонија, заради заштита на вредните живеалишта и важни видови од растителното и животинското богатство во регионот.

Проектот се спроведува заеднички од страна на Движењето на екологистите на Македонија – ДЕМ чиј член е ‘Грашница” – Охрид и Центарот за граѓанска иницијатива (ЦГИ), во соработка и со поддршка на две меѓународни невладини организации – Авалон од Холандија и Институтот за европска политика за животната средина (ИЕЕП) од Велика Британија.

На тркалезната маса поканети се да присуствуваат институции, фармери, заинтересирани граѓани и други чинители од областа на земјоделието и животната средина.

OhridNews