Сообраќајна несреќа се случи доцна попладнево на регионалниот пат Охрид-Св. Стефан, во близина на Рача.

Како што информираа портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски,  од засега непознати причини дошло до судар помеѓу такси возило и патнички автомобил.

Во незгодата со повреди се здобиле три лица. Едното од нив e пренесено во Специјализираната болница Св. Еразмо, додека уште две лица се здобиле со полесни повреди, истакна Димоски.

Увид на местото на несреќата изврши сообраќајната полиција, а сообраќајот на овој патен правец се одвива забавено.

Г.М.