Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во италијанскиот регион Тоскана кога нивниот автомобил влетал во патарината, потврди противпожарната бригада.

Според пожарникарите шест лица се повредени, меѓу кои и две деца. Во судирот загинал и патник во еден од автомобилите кои чекале во редот за наплата.
Германскиот автомобил се превртел и удрил во наплатната рампа. Сликите од местото на настанот покажуваат автомобили свртени на нивните покриви и урната наплатна рампа.
Италијанските медиуми објавија дека вработениот кој работел во кабината е неповреден.
OhridNews
Фото. МИА/Х











