Европската фудбалска организација (УЕФА) позитивно ја изненади фудбалска јавност откако за делители на правдата во Супер купот на Европа во кој ќе се сретнат Ливерпул и Челси назначи женски судии.

На центарот во Истанбул ќе се појави францускиот арбитар Стефани Фрапарт. На Французинката ќе и помагаат Мануела Николоси од Франција и Мишел О`нил од Република Ирска. Четврти судија на мечот е Чунејт Чакир од Турција, а во ВАР собата главен ќе биде Клемен Турпин од Франција.

Името на Фрапарт ќе биде запишано во аналите на европскиот фудбал, бидејќи таа ќе биде прва дама која ќе суди финале во машка конкуренција.

Англиската пресметка во Супер купот на Европа ќе се одигра на 14 август.

OhridNews