25-годишно момче во Сплит, во центарот на градот, со автоматско оружје убило три лица. Двајца од нападнатите починале на лице место, додека третиот починал подоцна во болница, од последиците на ранувањето.

Според првичните информации, тројното убиство се случило затоа што тројцата, сега убиени, го малтретирале и уценувале братот на осомничениот.

Повеќе извори наведуваат дека осомничениот, односно неговото потесно семејство, од претходно имале проблеми со некои од убиените.  Наводно станувало збор за долгови и дрога која семејството на убиецот, конкретно еден од неговите браќа, го довел во судир со убиените.

OhridNews